Хоџа од Беса: Ќе продолжи соработката со Алијанса и Алтернатива

Откако пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, оневозможи кворум на седницата за гласање недоверба на Владата, се огласи и генералниот секретар на партијата, Аријанит Хоџа, кој порачува дека продолжува соработката со опозициските партии Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Врвот на опасноста на демократијата се достигнува кога преку недемократски форми, дури и на пратениците им се оневозможува слободното изразување на волјата. Заканата, уцената или другите форми на влијание се показател за инсталирање режим кој е ставен над волјата на народот. И покрај сè, движењето Беса ја продолжува борбата. Одиме по нашиот свет пат за да го победиме злото! Секој поединечно ќе одговара за сопствените постапки, додека движењето Беса продолжува со политичкото патување. Соработката со опозициските Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе продолжи до падот на режимот – пишува Хоџа.

Back to top button
Close