Хоџа: Oд Влада излеговме поради ДУИ, не поради ВМРО

Поради политичките пазарења со ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, Движењето Беса ја напушти Владата, а не дека ДУИ не ѝ дала простор да дејствува, изјави портпаролот на ДУИ Бујар Османи, нарекувајќи ги изјавите од партијата на Билал Касами како лажна вест, дека ДУИ не им дала простор во заедничкото владење.

 

 

– БЕСА излезе од владината коалиција бидејќи имало таков договор со ВМРО за поддршка на локалните избори и оваа работа ја знаеле уште пред крајот на вториот круг. Потоа, за да му објаснат на народот, на нивните активисти, за ова некоезистентна политика, за оваа немудра политичка игра, сега наоѓаат аргументи. Каде е аргументот? Секогаш прстот го вперуваат во ДУИ. ДУИ е резервниот виновник во Северна Македонија, изјави Османи во последното интервју за ТВ 21.

Но, генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа, во изјава за „Слободен печат“, тврдењата на Османи ги нарече „лага“ и „голема измама“.

– Ова е лага и измама која Бујар Османи се обидува да ја шири. Тој и неговиот „род“ добро знаат дека причините за полнењето на чашата од 14 месеци власт се неколку луѓе од ДУИ и еден од нив лично е тој. Прашајте колкав пристап имала БЕСА до МНР и јасно ви е како Движењето БЕСА се третирало како коалициски партнер, изјави Хоџа.

Back to top button
Close