Хоџа за Груби: Тој е дилетант обучен од тајните служби!

Вицепремиерот  Артан Груби, кој во гостување на ТВ21 рече дека Русија „ја инспирира парламентарната опозиција“ во Македонија, доби остар одговор од генералниот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа.

„Со ЕУ ни оди многу добро, а со Русија не. Дали Русија се меша? Има многу сериозни индикации за мешање, дури и за директно мешање, особено со директно посредување преку инспирирање на опозицијата. Која опозиција? Парламентарна опозиција“, рече Груби, додавајќи дека „ги охрабрува албанските опозициски партии да се одделат од поистоветувањето со ВМРО-ДПМНЕ и Левица“ и да станат конструктивна опозиција, рече Груби.

На ова преку Фејсбук одговори Хоџа, со жесток напад кон Груби нарекувајќи го дилетант:

„Да седнеш на маса со Србија, која е главен сојузник на Русија, и да направиш регионална иницијатива како „Отворен Балкан“, каде што се заобиколува и ослабува меѓународната позиција на Косово, а во исто време да ги имаш на располагање бланко гласовите на Албанската опозиција за евроинтеграциите (антируски) и да ја наречеш албанската опозиција деструктивен проруски фактор, тоа може да го направи само политички дилетант како Артан Груби, обучен во подземјето на поранешни шефови на тајните служби, кои се обидуваат да ја задржат власта само со дневна пропаганда“, напиша Хоџа.

Back to top button
Close