Хоџа за одлуката на Реџепи: Спротивна од органите на партијата, сигурно ќе има мерки

Арјанит Хоџа од Беса денеска на прес конференција истакна дека одлуката на пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, е спротивна на одлуката на партијата и за тоа сигурно ќе има мерки.

„Ако е тоа негова одлука, таа одлука е спротивна од органите на партијата, сигурно ќе има мерки. ЗНачи не е прв пат на Беса да и се случуваат вакви работи, и тогаш кога сите очекуваа дека Беса нема да биде во политичката сцена, се вративме со 4 пратеници и сега добивме две општини“, порача Хоџа.

Back to top button
Close