Холанѓаните се жалат: Изреволтирани македонски навивачи фрлале предмети, го полевале голот со вода и го плукаа нивниот тренер

Вчерашниот натпревар по ракомет го обележа лошото судење на данците Мадс Хансен и Јеспер Мадсен. Тие на македонските ракометари им дадоа жолти и два црвени картони (на Павле Атанасијевиќ и Лазаревски), седмерици и исклучувања поради што Македонија 20 минути играше со еден ракометар помалку.

Одлуките на судиите предизвикаа гнев кај македонските навивачи кои фрлаа разни предмети на теренот и со тоа ги натераа холанѓаните да избегаат во соблекувалната.

Холандски „НОС“ пишува дека македонски навивач го плукнал холандскиот селектор Штафан Олсон, а тоа наводно го потврдило и официјално лице од холандската репрезентација.

Швеѓанецот Стефан Олсон не ја одобри реакцијата на македонските играчи кон кои покажа дрски гестови, а потоа кратко им аплаудираше на своите пред и тој да се повлече во соблекувалната.

„Драматичен натпревар. Холанѓаните секогаш беа чекор понапред од Македонците. Заврши во хаос, последните минути завршија со фрлање предмети на теренот. Македонските навивачи ги избркаа Холанѓаните од теренот“, извести Сорен Ридц, новинар од „ТВ2“.

„Човеку, почнаа да фрлаат со секакви предмети. Вакво нешто не сум видел. Очигледно е така на Балканот. Во еден момент кога требаше да ја фрлам топката, тие го полеаја голот со вода. Апсолутно лудо, ова нема никаква врска со ракометот“, изјави по натпреварот холандскиот голман Матијас Рекс.

Back to top button
Close