Холандија без Ван Дајк на Европското првенство
Холандскиот селектор Франк де Бур го соопшти денеска списокот со 26 фудбалери за претстојното Европско првенство, на кое и дефинитивно, поради повреда, нема да настапи дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк.
Холандија во воведните два натпревари од Групата Ц ќе игра против Украина и Австрија пред мечот од последното коло во групната фаза против македонската репрезентација, на 21 јуни во Амстердам.
Составот на Холандија за Еуро2020:
Голмани: Каспер Силесен, Тим Крул, Мартен Стекеленбург.
Одбрана: Нејтан Аке, Дејли Блинд, Матијас де Лихт, Стеган де Фрај, Дензел Думфис, Жирум Тимбер, Патрик ван Анхолт, Жоел Фелтман, Овен Вијндал.
Среден ред: Френки де Јонг, Мартен де Рун, Рајан Гравенберх, Деви Класен, Теун Купмеирнес, Дони ван де Бек, Жоржињо Вајналдум.
Напад: Стивен Бергјус, Лук де Јонг, Мемфис Депај, Коди Гакпо, Донјел Мален, Квинси Промес, Воут Вегхорст.