Холандската Централна банка ја истражува сопствената улога во трговијата со робје

Централната банка на Холандија (ДНБ) денеска соопшти дека ќе почне истрага за сопствената улога во трговијата со робје во 19 век.

Откако сличен потег повлече Банката на Англија, ДНБ информира дека ќе побара мислење од независни истражители за да донесе заклучок за улогата на таа банка во тогашното ропство.

„Истрагата ќе ја разгледува улогата на ДНБ како институција во првите години од своето постоење, како и на своите претседатели и членови на управа“, соопшти Банката..

ДНБ, основана во 1814 година од холандскиот крал Вилхем Први, информира дека ќе преземе дополнителни чекори по ова прашање, откако ќе заврши истрагата.

Холанѓаните играа голема улога во глобалната трговија со робови од 17 век до холандското укинување на ропството во 1863 година. Холандската западноиндиска компанија управуваше со бродови кои продале приближно половина милион робови во текот на 17 и 18 век.

Банката на Англија минатиот месец соопшти дека ќе ги отстрани сите портрети на поранешни гувернери или директори поврзани со трговијата со робови, кои се закачени на ѕидовите на оваа 325-годишната институција.

Back to top button
Close