Холокаустот не почнал со логорите, туку со антисемитизмот, порача Ковачевски на комеморацијата

За да осигураме иднина за генерациите после нашата, сите денес мора да покажеме дека сме извлекле поуки од минатото, а тоа ќе го направиме само ако застанеме одлучно против екстремни националистички и полулистички идеологии кои водат кон фанатизам. Индиферентноста кон екстремизмот е соучесништво, порача премиерот Димитар Ковачевски на комеморативниот настан во Националната опера и балет во рамкие на обележувањето на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи.

-Никогаш повеќе антисемитизам, расизам и ксенофобија. Никогаш повеќе фашизам. Оваа јасна и категорична порака ја упатувам вечерва со мирна совест бидејќи нашата историја исто како и сегашноста докажуваат дека сме секогаш на вистинската страна на историјата – демократи за кои никој не е и не може да биде помалку важен. И затоа имаме и морално право, но и вредности за да се спротиставиме на сите различни форми на говор на омраза и нетолерација, рече Ковачeвски.

Светот, посочи, има потреба од гласност на секој од нас како народи, како држави, како луѓе што поддржуваме, а што не поддржуваме. Тоа, вели Ковачевски, определува во каков свет ќе живееме понатаму.

-Холокаустот не почнал со концентрационите логори, почнал со антисемитизам и со ширење говор на омраза по улиците. Ние кои се сеќаваме, сме должни да работиме активно и да оставиме поука за помладите од нас за никогаш повеќе да не се повтори, да не биде прекинат со ужасно зло ниту еден детски сон, никој насила да не биде ограбен и избркан од својот дом како на 11 март 1943 година кога започнала депортацијата на македонските Евреи од Битола, Штип и Скопје, рече Ковачевски, додавајќи дека 7144 деца, жени, мажи биле насилно собрани во скопски Монопол за да бидат депортирани во логорот на смртта Треблинка.

Народите тука секогаш заедно ги добивале битките како што и заедно ја добиле битката против фашизмот. Меѓу нив имало и Македонци, и Албанци, и Турци, и Срби, и Власи, и Роми, и Бошњаци, и сите други. Евреите потоа учествуваат и во создавањето на оваа држава. Евреите се и денес составен дел од мозаикот на етнички, верски, јазични и културни различности во Македонија и државата заедно ја градиме во еднакво општество за сите. Заедно обезбедивме евроатланска иднина на Македонија, заедно одиме и по стратешкиот европски пат и заедно ќе обезбедиме европска иднина, потенцира Ковачевски.

Посочи дека како функционална, мултиетничка демократија, нашата држава покажала пример во регионот, а и во Европа и светот, што значи да се почитуваат, охрабруваат, бранат и негуваат различностите.

А ние веруваме дека овие политики на пријателство и разбирање придонесуваат и ќе придонесуваат и во регионалниот и во европскиот безбедносен контекст. Покажавме на дело дека различностите по било која основа не се пречка, туку предност. Со мудри и одговорни политики, Македонија ќе стане членка на Европската унија, процес за кој знам дека ја имаме и поддршката на македонските Евреи, нагласи Ковачевски.

Посочи дека цивилизациска одговорност на генерациите на денешницата е да градиме свет еднаков за сите и дека сите оние кои во сржта го имаат антифашизмот, демократијата и прифаќањето на различностите мора да останат обединети и на вистинската страна на историјата.

Пред присутните се обрати и претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви.

Тој рече дека Евреите од целиот свет скапо го платија својот мир и развојот на светот. Никогаш нема да го заборавиме геноцидот кон Евреите , Ромите и сите кои не припаѓаа на ариевската раса, рече Леви кој додаде и дека светла точка во геноцидот на Евреите во Македонија се само неколкутемина кои успеале да се спасат. Денес, кога нацизмот и антисемитизмот се буди во Европа, па и во Македонија мора да кажеме стоп. Агресијата во Русија мора да престане , нема оправдана причина да се убиваат луѓе. Жертвите на логорите на смртта не смеат да бидат залудни , рече Леви.

На комеморацијата се обрати и амбасадорката на Израел г-ѓа Симона Франкел и претседавачот на американскиот Еврејски конгрес, рабин Ендру Бејкер.

Амбасадорката Франкел вели дека потомците на македонските Евреи живеат во Израел, но затоа што избегале пред почетокот на војната. Таа рече дека македонските Евреи во Македонија и во Израел имаат средби како оваа. Таа порача дека никогаш не треба да заборавиме и изрази благодарност до Владата на Македонија.

Пред присутните се обрати и претседавачот на американскиот Еврејски конгрес, рабинот Ендру Бејкер. 1943 беше најсмотоносната година од еврејскиот геноцид. Но, без помошта на владите кои беа сојузници на нацистите и без рамнодушноста на некои земји, бројот на жртвите ќе беше далеку помал. Некогаш мислевме дека процесот секогаш ќе се движи во позитивна насока. Беа потребни децении за некои земји да го признаат Холокаустот. Во соседна Бугарија се крена превезот што беше ставен врз две спротивни приказни. Беа спасени на чуден начин со помош на црковни лица и поединци речиси 50.000 Евреи, но во исто време бугарските власти во тоа време, испратија илјадници Евреи во концентрационите логори. Мора да ставиме крај на ваквото негирање и искривување на вистината, а уште повеќе го должиме на нашите деца и на нашите внуци, рече рабинот Бејкер.

 

Back to top button
Close