Холштајн: Важно е процесот на пристапување во ЕУ да биде заедно за Скопје и Тирана

Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн денеска потсети дека германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок вчера на маргините на средбата на министри за надворешни работи во Луксембург, уште еднаш потврдила колку е значајно за целата ЕУ да остане овој пат за првата меѓувладина конференција за Северна Македонија и за Албанија и тоа веднаш.

– За нас е важно тоа што политиката на проширување сега е повеќе од кога и да било претставува политика за безбедност, нагласи амбасадорката Холштајн по денешното донирање на опрема и возила во вредност од 675 илјади евра за Граничната полиција на МВР.

Што се однесува до преговарачката рамка и што може да влезе во неа, амбасадорката Холштајн, децидна дека постојат граници.

– Значи, исклучено е да постои таков некој случај на преседан што би имал последици за понатамошните чекори на проширувањето. Принципиелно билатералните работи не припаѓаат во преговарачката рамка. И во интерес на изнаоѓање на решение ќе се направи некој обид за исцрпување на можностите, но сепак не смее да се наштети на интегритетот на преговарачката рамка. За нас исто како и претходно, важно и централно е процесот на пристапување да биде заедно за двете држави, рече амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн.

Back to top button
Close