Хорнер може да добие 66 милиони фунти за отказот во Ред Бул

Досегашниот директор на Ред Бул тимот во Ф1 Кристијан Хорнер за отказот 5,5 години пред истекот на договорот може да добие обештетување од 66 милиони фунти. Тој во среда доби отказ по 20 години во Ред Бул и осум титули во конкуренција на возачи и шест титули кај конструкторите.

Екипата не даде објаснување зошто го отпушта 51-годишниот Британец. Инаку договорот истекуваше на крајот од 2030 година. Годишната плата на Хорнер со последното зголемување изнесуваше 8,92 милиони фунти.

Отказот доаѓа и по лошите резултати на екипата, која не успеа да ја одбрани титулата кај конструкторите, а на половина оваа сезона е на четвртото место. Тој пред 17 месеци беше обвинет и за сексуално вознемирување на една во вработените, што тој го негираше.

Адвокатите на Хорнер ќе се обидат да го наплатат и преостанатиот дел од договорот.

Новиот директор на Ред Бул е Лорен Мекис, кој доаѓа од јуниорската екипа.

Back to top button
Close