Хорор го потресе регионот: Ја убил сопругата со секира па се јавил во полиција и мирно чекал да дојдат да го уапсат

Осомничениот се предал на полицијата и го пријавил убиството.
Ненад Ѓермановиќ (82) од Станари е уапсен под сомнение дека ја убил својата сопруга Винка Ѓермановиќ (76), која ја удрил неколку пати со секира во главата.
Ужасниот злостор се случил синоќа околу 20:30 часот во дворот на нивната семејна куќа во општина Станари.
Како што дознава ATV, Никола по злосторството се јавил во полиција и пријавил дека ја убил сопругата. Тој мирно чекал да пристигнат полицајците кои го уапсиле и го однеле на понатамошна кривична обработка. Точните околности и мотивот за злосторството се непознати и се предмет на понатамошна истрага.
На лице место е спроведена истрага и пронајдена е секира која најверојатно е употребена за извршување на убиството, што ќе се знае по вештачењето.
-Постојат основи за сомневање дека Н.Ѓ. вечерта, во дворот на семејна куќа во општина Станари, убил женско лице користејќи ладно оружје – секира“ – соопшти Полициската управа Добој, пренесува Srpskainfo.
Додадоа дека истрагата на лице место ја водел дежурниот обвинител во Окружното јавно обвинителство во Добој. Наредени се сите мерки и дејствија за утврдување на сите околности и разјаснување на кривичното дело.
Со наредба на обвинителството, телото е испратено на обдукција, а осомничениот Ѓермановиќ ќе биде предаден на Јавното обвинителство во Добој за понатамошно постапување по кривична обработка со извештај за сторено кривично дело тешко убиство.






