Хоспитализирани се вкупно 610 болни или суспектни на Ковид-19

– Вкупно 320 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат во ковид центрите во болниците низ земјава, соопштија од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 610 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 35 пациенти.

На  инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болен, а во Куманово 48 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 24, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 12, Кавадарци 20, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Од Министерството за здравство посочуваат дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, како што дополнуваат, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството информира дека има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Back to top button
Close