Хотел ќе се отвори во строгиот центар на Скопје, „Буши“ ја купи зградата на Технометал

Компанијата „Буши Фешн“ ја купи зградата на поранешен „Технометал Вардар“ која е лоцирана на улица „Македонија“ во строгиот центар на градот. Според непотврдени информации на оваа локација планирано е се отвори луксузен хотел.

Компанијата „Буши Фешн“ е сопственик на елитен хотел во старата скопска чаршија, а фамилијата која стои позади неа се познати златари од албанско етничко потекло.

Комерцијална банка пред две години даде одобрение за продажба на илјадници квадратни метри деловен простор на најпрестижната скопска улица „Македонија“. Зградата на „Технометал Вардар“ е изградена во 1980 година и е со површина од 8.000 метри квадратни. Беше ставена на продажба откако во 2019 беше отворена стечајна постапка. Поради обврски кон Комерцијална банка објектот беше одземен од банката, а потоа ставен на продажба, по што зградата беше купена од „Буши фешн“.

Back to top button
Close