Хотел со 4 ѕвезди крадел струја, откриена голема кражба во центарот на Скопје

Екипите на „Електродистрибуција“ откриле сериозен случај на нелегално приклучување на електричната мрежа во хотел со четири ѕвезди на улицата „Луј Пастер“ во центарот на Скопје.

За делото соопштија и на нивната официјална страница на ФБ:

ОТКРИЕНА ГОЛЕМА КРАЖБА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ!

Хотел со 4 ѕвезди на ул. „Луј Пастер” нелегално приклучен на мрежа.

При техничка контрола во станбена зграда која граничи со хотел на улицата „Луј Пастер”, нашите екипи пронајдоа три нелегални и изгорени кабли како последица на преголема оптовареност.

Каблите веднаш беа исклучени бидејќи претставуваа директна и огромна општа опасност од настанување на пожар. За време на дополнителна контрола се утвди дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли.

Екипите беа попречени во вршењето на должноста при влезот во хотелскиот објект.

Случајот е документиран и за истиот е поднесена Пријава за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување на општа опасност од пожар до Министерството за внатрешни работи, соопшти компанијата

Back to top button
Close