Хотелот „Молика“ на ЕСМ се вклучува во проектот „Дома си е дома“

– Хотелот „Молика“ ги намали цените од 20 до 30 отсто и се вклучи во проектот „Дома си е дома“ каде под мотото „Активен одмор на Пелистер“ им ги нуди своите услуги на граѓаните кои поради новонастанатата ситуација со рестрикциите за патувања во странство, ќе го поминат годишниот одмор во домашните капацитети.

Од „Молика“, кој е во сопственост на АД ЕСМ, информираат дека понудата и ценовната корекција се направени по извршена комплетна анализа на состојбите и на економската моќ на домашниот гостин, а специјалната понуда за престој од четири и пет денови која ја нуди хотелот за оваа летна туристичка сезона на Пелистер е прилагодена за користење на ваучерите за туризам.

– Врз основа на препораките на Комисијата за здравство, хотелот ги имплементира сите процедури согласно Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување, спроведува процедури за прием и сместување на гости, расторански процедури кои се однесуваат за гостите и процедури за вработени во функција на безбедноста на секој посетител, велат од ЕСМ.

Паралелно со летната сезона, додаваат, на Пелистер се прават подготовки за следната зимска сезона. Во таа функција се најавите за активности кои ќе се преземат во Ски-центарот Копанки.

Back to top button
Close