Хоти: Косово е меѓу земјите што најдобро се справуваат со пандемијата
Косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека неговата Влада и здравствените власти успешно се справуваат со Ковид-19, така што Косово е меѓу трите или четирите земји со најдобри резултати во борбата со пандемијата, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешната владина седница, Хоти изјави дека информциите од Националниот институт зајавно здравство на Косово (ИКШПК) се позитивни и дека мерките кои се на сила од 11 ноември дадоа резултати.
Тој наави дека и за време на претстојните празници ќе се преземат потребните мерки за заштита од Ковид-19, истовремено создавајќи поволни услови за бинисите, како и за слободно движење на граѓаните.
– Претходно преземените мерки влијаеја бројката на заразени да опадне на 200 дневно, од околу 700 колку што имавме претходно. Според нашите информации, како и според Универзитетот „Џон Хопкинс“, ние сме меѓу три-четирите земји кои најдобро се справиле со епидемијата. Сега треба да се осигураме, кога имаме голема раздвиженост на граѓаните и со доаѓањето на нашите сонародници од светот, да им создадеме услови за да уживаат со нивните семејства и да обезбедиме почитување на мерките, изјави Хоти.
Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.256 од појавата на болеста, откако, според вчерашниот дневен извештај на ИКШПК, претходното деноноќие починаа осум од лицата заразени од коронавирусот