Христовски не го користел спорниот ТОЕФЛ-сертификат за да стане директор, тврди обвинителот Милошески
Обвинителот Владимир Милошески тврди дека во предметот за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, немало докази за кривично дело затоа што имал два јазични сертификати, а сомнителниот сертификат, од школото „Јулија“ во Пловдив, Христовски не го користел за да ја добие позицијата, јавува Телма.