Христовски се пожали: Арсовска не ми ја прифаќа оставката

Поранешниот директор на ЈП Градски паркинг-Скопје, Бојан Христовски, алармираше Градот Скопје да ја прифати неговата неотповиклива оставка и да назначи нов директор со цел претпријатието да продолжи да работи.

-Помина цела недела откако јавно објавив, но и формално до архивата на Градот доставив неотповиклива оставка. Веднаш потоа градоначалничката Арсовска на нејзината фејсбук-страница објави дека оставките се “принудни” (без разлика дали е така), што укажува дека била/е спремна за кадрови промени. Но, реалноста е друга, од Градот се’ уште нема никаков одговор. Претпријатието и вработените се оставени сами на себе. Алармирам до градската администрација да си постапи во согласност со законот, да ја прифати мојата неотповиклива оставка и да назначи нов директор. Работата во претпријатието мора да продолжи без одлагање. Тековните активности и новитети не смеат да запрат без разлика на несогласувања и политички комбинаторики. Вработените и граѓаните се на прво место, порача Христовски.

Тој уште еднаш јавно им се заблагодари на сите вработени во ЈП Градски паркинг, како и сите поддржувачи на досегашна негова работа во претпријатието.

Back to top button
Close