Хронично болните, бремените и родителите на деца помали од 10 години остануваат ослободени од работа

– Сите хроночно болни лица, лица со попречености, бремените жени, но и самохрани родители и родители на деца под 10-годишна возраст или деца со попреченост кои користат услога дневен центар и натаму остануваат ослободени од работа поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, со можност ако постојат услови работните задачи да ги извршуваат од дома.

-На 58-та седница Владата ја усвои информацијата за заклучокот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести на барање на Министерството за труд и социјална политика, според која хронично болните лица и родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, потоа бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои што ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, кои што претходно беа ослободени, остануваат безусловно и понатаму ослободени од работа, со можност, доколку е тоа остварливо да ги извршуваат работните задачи од дома, информира владината прес-служба. сст/

Back to top button
Close