Хронично неразбирливи

Хронично неразбирливи се мили мои потезите и ставовите презентирани во кампањата на ВМРО.

Додуше и претходно, беа такви.

Поточно, од секогаш биле. Поготово, сега ќе се изнагледаме и изнаслушаме се и сешто во пресрет на се поотворените и проширени барања на Албанските политички партии.

Кампањскиот ракурс, кај партиите  како да симулира заигрување на детска клацкалица. Едното другарче малце горе, па после малце доле.

Па пак  така од поново.

Клац- клац.

Или, се чини дека на дебело се кампањира некој необичен натпревар помеѓу етно-национаните, а полтички комодофицирани теми.

Што се однесува до македонскиот национализам, повторно, тој е во пораст, а артикулиран и провоциран најмногу од ставовите на ВМРО мили мои. Тие, како и обично,  се релативно  еластични, но робусни и ударни ( по македонските тикви);  лавираа например во еластицитетот : #од “гасна комора за шиптари” – до согласност за амнестија за хашките случаеви(sic!); # од овозможување на меѓуетнички конфликт во 2001 ( патем кога се продаде и телеком),  до потпишување на ОРД; # од една “генијална” идеа на еден истакнат наш политичар  ….”а да направиме мала војна”…, до реален удар на врз уставниот поредок на 27ми Април – кој не однесе во една исклучително осетлива и тензична атмосфера која и денес ја осеќаме! Особено што и со тоа сега се прават  непромислени политички поени, а за кои сигурна сум ќе плаќаме во иднина  по многу повисока цена , а директно поврзана со нашиот демократски развој, т.е уназадување. # Од …”Нејќеме со  Дуи, па сакаме Дуи да биде надвор од Влада,… до,  пу пу не важи – нејќеме во Влада”…# Од манипулациите за Смилковско – до смртоносни последици и контроверзии со кумановскиот инцидент!

Нема крај со примериве .Ама има затоа една константна контрадикторност во позициите и дејствувањето, придружена со деструктивни и неодговорни одлуки.

И сега, што ќе правите во ВМРО, кога на дневен ред ќе дојдат нови легитимни барања (не само за јазикот).

Предвидливо : ќе се мантра дека не прифаќаат никакви уцени.

Но, игнорорањето на барањата на Албанците во земјава (кои впрочем сами ги предизвикуваат со својот маке наци ), до каде може да води ? Знаеме ли ?

Колегата Сефер Тахири укажа со извонредни поенти во врска со ова, особено аспектот со кој се демистистифицира македонскиот национален ексклузивизам. И не само тој. Ерол Ризаов, понуди предиктивна визура околу последиците од ноторните маке-наци тралалајки  и нивниот рефлекс поврзан со неуспехот на изборите. Тричковски, пак во свој стил брутално не соочи со суперматизмот. Се на се, време е за паролата : “lets embrace the reality” и  уште сега да ги антиципираме можните критични точки на сопнување во динамичните и неизвесни избори.

Прво, и најжешко : што ако се случи бојкот во втор круг од страна на Албанците? Како ќе постапите? Ќе го јакнете уште национализмот ? И што би бил ефектот од тоа ?

Второ, во таков случај, дали сте спремни да продуцирате политичка (можеби и безбедносна) криза во која на крајот СЕПАК! Ќе мора да бидете и дел од решението ?

Трето, дали сега може сте кабает што не прифативте уставни измени на време, па времето сега  Ве соочува со невообичаени подaроци , како од вашите најпараноични етноцентричен сништа ?

Часот поскоро, драги господа, ќе чукне ама не на Вашата предна , туку на “задња” врата.

Конечно, во ваква ситуација , убедена сум дека најпогубно е да политичкиот претставик на прогресивата ( сдсм +коалиција) се залауфа на истата македонска национална кобила. Нека си остане на суштинскиот евро-граѓански обединувачки, и демократски локус. Тоа е најблагородната и единствена еманципациска позиција. Ова кон што се прстиска, во правец да Ви се изнуди националистички иметус, е погубно по секој основ. Особено вредносен.

Останатите, перјаници од времето на груевизмот, продолжуваат да бида хронично неразбирливи.  Политички, исто, ужасно деструктивни. Ќе видиме до кој зид ќе ја дотераат државата.

Ана Чупеска

 

Back to top button
Close