ХРВ: Во Авганистан приведени вкупно 32 новинари, а затворени 153 медиуми

Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch) денеска соопшти дека од средината на август, талибанците во Авганистан привеле најмалку 32 наовинари. Дел од нив биле ослободени од притвор откако биле предупредени за нивното пишување, а некои од нив биле претепани.

ХРВ тврди дека талибанците минатиот месец им наложиле на авганистанските медиуми да се воздржат од известување за „работи што не се потврдени од официјалните лица“. Исто така предупредиле да не се известува за работи кои би можеле да имаат „негативно влијание врз јавноста“.

– Талибанските регулативи се толку обемни што новинарите се самоцензурираат, плашејќи се дека ќе завршат во затвор, истакна директорката на ХРВ за Азија, Патриша Госман.

Талибанците вчера го ослободија фоторепортерот Муртаза Самади, откако три недели беше во затвор во Херат.

Самади беше приведен додека следеше женски протест во градот.

Организацијата НАИ, која ја поддржува слободата на медиумите во Авганистан, претходно соопшти дека по преземањето на власта од страна на талибанците, најмалку 153 медиуми се затворени поради финансиски потешкотии или закани од талибанците

Back to top button
Close