Хрват е исчезнат, а кај Македонецот најден бугарски пасош, кој е убиениот во Боливија најден во црна вреќа?!, објави 4NEWS.mk
Во крвавата ликвидација во Санта Круз, Боливија, меѓу жртвите е и Дејанче Лазаревски (43), познат по прекарот „Македонец“. Кај него боливиската полиција пронашла бугарски пасош, а телото му било пронајдено во кујната на изнајмена куќа, завиткано во црна вреќа. Заедно со него, во саботата биле пронајдени и Марко Скербец (1992) од Риека, Хрватска, и Миљан Ѓекиќ (38) од Ниш, Србија, објави 4NEWS.mk
Хрватските медиуми јавуваат дека Скербец исчезнал на 8 август, а исчезнувањето било пријавено во ПУ Приморско-горанска откако престанал да се јавува на семејството. Според „Јутарњи лист“, Скербец имал неколку лажни идентитети и долго време престојувал во Боливија. Боливиските истражители веруваат дека тројцата биле жртви на пресметка меѓу кавчанскиот и шкаљарскиот клан, поврзана со трговија со кокаин.
Скербец е споменат десетици пати во обвинението на словенечкото Специјално државно обвинителство против кавчанскиот клан. Според документите, користел шифрираната апликација Sky под прекарот „Coco“ и се смета за еден од водачите на групата. Доказите вклучуваат снимени разговори, следење, фотографии од дрога и мапи на маршрути за шверц – од Шпанија, преку Италија, Германија, до Словенија и Хрватска.
Бруталната ликвидација во Санта Круз е само уште едно продолжение на долготрајниот и крвав судир меѓу двата балкански наркоклана, чијите пресметки одамна ги надминаа границите на регионот и се преселија во Јужна Америка.