Хрватска е во шок: Три момчиња и девојка до смрт претепале професор

 

Во Вараждин, Хрватска претепан е 35-годишен маж, кој се здобил со тешки повреди, по што починал во вараждинската болница, јавува Индекс.

Како што соопшти полицијата, поднесена е пријава против четири лица, кои се товарат за убиство. Грозоморниот настан се случил, во петокот кон саботата . Се работи за 24-годишно женско лице, како и три машки на возраст од 20, 25 и 29 години.

Според Вараждински.хр, човекот кој почина од последиците на тепањето е Нино Ченгиќ, професор по англиски јазик во Економското училиште.

Луѓето од колективот велат дека се работи за пристоен човек кој уредно ја работел својата работа и сите се во шок од тоа што се случило.

Што точно довело до пресметка меѓу четворицата осомничени со Ченгиќ, не е познато. Тие му нанеле тешки повреди по главата и телото, а го тепале со безбол палки. Потоа го оставиле да лежи на асфалтот каде го нашле случајни минувачи. Пренесен е во болница, каде синоќа починал.

 

Преземено од Плусинфо .мк

Back to top button
Close