Хрватска го намалува рокот на самоизолација од 14 на 10 дена

 Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак денеска изјави дека рокот на самоизолација поради коронавирусот сега ќе биде 10 денови, наместо сегашните 14.

Цапак рече дека критериумите за тестирање нема значително да се променат, освен дека приоритет ќе имаат старите лица и оние кои се грижат за нив.

Третата новина е дека луѓето кои го прележале новиот коронавирус и имаат документ за тоа, во рок од три месеци не се обврзани да подлежат на самоизолација, дури и ако биле во контакт со заразени лица.

Цапак рече дека има пад на бројот на коронавирусни инфекции во Хрватска за две недели и изрази надеж дека трендот ќе продолжи.

Back to top button
Close