Хрватска нема да чека на ЕУ: Преговара со Русија за набавка на вакцините Спутник V

Хрватска потврдилa дека е заинтересирана за купување на руската вакцина Спутник V, објави вечерва Руската амбасада во Хрватска на својата Фејсбук страница и профилот на Твитер.

Амбасадата наведува дека во денешниот телефонски разговор меѓу рускиот амбасадор во Хрватска, Андреј Нестеренко и хрватскиот министер за здравство Вили Берош, „е потврдено дека хрватската страна е заинтересирана да ја купи потребната количина вакцина Спутник V од Русија во согласност со сите регулативи и закони на ЕУ, како и законите во Хрватска“.

„Соговорниците изразија заедничко мислење дека ова прашање мора итно да се реши, со оглед на фактот дека одредено ниво на инфекција останува во Хрватска, а откриени се и нови соеви на коронавирусот што сè уште не се проучени од епидемиолозите и можат сериозно да го загрозат здравјето на граѓаните на која било земја, вклучително и на Хрватска “, се наведува во соопштението на Амбасадата на Русија на Фејсбук.

Според агенцијата ХИНА, амбасадата тргнува од претпоставката дека во борбата против корона вирусот „ мора да ги здружат силите за здравјети на граѓаните на двете земји со хрватските партнери “.

Агенцијата забележува дека кон средината на февруари, амбасадорот Нестеренко за руската агенција РИА Новости изјавил дека амбасадата е во контакт со официјален Загреб во врска со обезбедувањето руска вакцина против корона.

Амбасадата порано соопштила дека секојдневно добивале барања од хрватски граѓани за набавка на руска вакцина.

„Има контакти со хрватските власти, но од разбирливи причини не можеме да откриеме детали со оглед на чувствителноста на темата“, рекол тогаш Нестеренко, додавајќи дека секоја странска земја мора да одлучи дали сака да купи вакцина од руско производство.

После таа изјава на амбасадорот, хрватскиот министер за здравство Вили Берош рече дека Хрватска се договорила со Русија за соработка во набавката на вакцините, но дека стручните институции треба да го пронајдат вистинскиот начин да интервенираат при увозот на Спутник V.

Според Берош, би било оптимално главната агенција на ЕУ за регулирање на лекови (ЕМА) да ја одобри вакцината, што наводно руската страна очекува да се случи во април.

Европската комисија претходно денеска објавила дека разгледува итно одобрување на вакцините против kovid-19 како побрза алтернатива на сегашните строги услови што се применуваат при одобрувањето на вакцините, објави Ројтерс.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close