Хрватска отстранета од сивата листа за следење на перењето пари
Глобалната организација за следење на усогласеноста со меѓународните стандарди во областа на спречување на перење пари и финансирање на тероризам (ФАТФ) утврди дека Хрватска постигнала значаен и мерлив напредок во ефикасноста на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и затоа е отстранета од сивата листа, соопшти Министерството за финансии, информира „СЕЕ.биз.еу“.
ФАТФ, имено, изјави дека Република Хрватска постигнала значаен и мерлив напредок во ефикасноста на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Сите мерки од Акцискиот план исполнети во јануари оваа година Министерството за финансии потсетува дека во јуни 2023 година, Хрватска се обврза на највисоко политичко ниво да ги отстрани недостатоците во системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во рекордно краток временски период, со спроведување на 13 мерки од Акцискиот план на ФАТФ.
Веќе во јануари оваа година, наведуваат тие, Република Хрватска ги исполни сите мерки од Акцискиот план што се однесуваа на следните области на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Во исполнувањето на своите задачи, Канцеларијата за спречување на перење пари ја имаше клучната поддршка од Министерството за финансии со обезбедување вработување на 13 нови службеници, како и постојано инвестирање во информацискиот систем како основа за ефикасна аналитичка работа на Канцеларијата, заклучува Министерството.