Хрватска подобра од Франција за петто мундијалско финале
Репрезентацијата на Хрватска вечерва во Загреб ја победи Франција со 31:28 во првото полуфинале на 29. Светско првенство во ракомет.
Хрватите победата ја обезбедија во првото полувреме кое го добија со 18:11. Во вторите 30 минути, фаворизираните Французи најмногу што успеаја да направат е да се доближат до три негатива.
За „коцкестите“ неделното финале ќе биде петто во нивната историја. Во досегашните четири тие имаат една победа и три порази. Единствената шампионска титула ја имаат во 2003 година кога во финалето ја победија Германија со 34:31.
Противник на Хрватска во дуелот за трофејот ќе биде победникот од утрешниот меч Данска – Португалија.
Финалето ќе се игра в недела во Осло од 17 часот