Хрватската правобранителка за деца: Потфрливме како општество, сега е важна поддршката
Правобранителката за деца Хелена Пирнат Драгичевиќ даде мислење во ТВ емисијата Vecernji за трагичното злосторство во Загреб:
„Секој случај на насилство во кое е вклучено дете е показател дека имаме уште многу да правиме како општество. Дали потфрливме? Да, секој од нас на одреден начин. Секој од нас има своја задача и има своја, пред сѐ, превентивна улога за да не дојде до насилство. Препрано е што било да зборувам за овој конкретен случај. Неодговорно би било од мене во овој момент да изнесам каква било проценка“.
Таа ја нагласи и важноста на поддршката за време на вакви трагедии:
„Тоа што е важно во овој миг е децата, родителите и просветните работници да добијат стручна помош односно помош од стручни тимови за кризни интервенции. На децата им е потребно да се пружи секоја можна помош и поддршка за справување со оваа трагедија, а тука најмногу може да им помогнат оние кои им се најблиски: родители, учители, личности кои се грижат за нив“.