Хрватски полицајци спасија исцрпена двојка која 3 часа на суп даска плутала во море


Поморските полицајци Марио Вуксановиќ и Далибор Ѓуриќ од Хрватска, во петокот спасиле двајца исцрпени словенечки државјани кои морските струи ги однеле на отворено море. Со брза интервенција, тие ги качиле на службеното пловило и ги пренеле на безбедно, соопшти истарската полиција.

Поморската полиција добила дојава за исцрпено лице во морето во петок, 26 јуни, околу 15:30 часот. Екипажот на полициското пловило П-212, командант Марио Вуксановиќ и машиновозач Далибор Ѓуриќ, пристигнале на пријавената локација за околу дваесет минути. Во морето затекнале 69-годишен маж и 65-годишна жена кои, видливо исцрпени, се држеле за даска за веслање (SUP).

Спасената двојка им раскажала на полицајците дека жената околу 12:30 часот тргнала да плива покрај брегот, но ветерот и силната струја почнале да ја носат кон отворено море. Бидејќи не се враќала, нејзиниот сопруг по еден час тргнал по неа со SUP даска за да ѝ помогне. Меѓутоа, поради силната струја и карпестиот брег во близина, ниту тој не можел да се врати на копно. На море плутале сè до 15:52, кога полицајците ги пронашле и ги спасиле.

Back to top button
Close