Хрватскиот голман во Шпанија со слична судбина како Димитриевски

Хрватскиот репрезентативец голманот Доминик Ливаковиќ ја дели сличната судбина во шпанската екипа Џирона, како и македонскиот голман Столе Димитриевски во Валенсија. Ливаковиќ нема ниту една минута на голот на Џирона.
Тренерот Мичел му дава предност на Аргентинецот Пол Газанига, а Ливаковиќ е на клупата. Но, хрватскиот репрезентативец „му врати“ на тренерот, па кога првиот голман беше болен, тој одби да брани.
Тренерот Мичел беше лут за ситуацијата и само прокоментира дека Ливаковиќ има приоритет и настап на Светското првенство.
Ливаковиќ во јануари ќе се врати во Фенербахче (таму беше резерва на Бразилецот Едерсон), каде сè уште е член, но 30-годишниот голман има за цел да се врати во Динамо Загреб до крајот на сезоната и да ја врати формата за Мундијалот.
Клубот од Загреб има желба да го врати голманот во своите редови, кој беше нивни член од 2015 до 2023 година, кога направи трансфер во турскиот клуб Фенербахче.






