Хрватските медиуми во борба со говорот на омраза

Хрватските медиуми, кои се вклучија во акцијата на Хрватското здружение на новинари (ХНД) во борбата против говорот на омраза, денеска од 11 до 13 часот ја отфрлија можноста да остават коментари под сите текстови, со цел да се спречи говорот на омраза.

ХДН и Сојузот на новинари на Хрватска ги повикаа медиумите да ја исклучат можноста за коментирање на текстовите и на тој начин да почнат заедничка борба против говорот на омраза, објавија ХНД и СНХ.

„Работите излегоа од контрола. Говорот на омраза, што досега претежно остануваше во сферата на социјалните мрежи, се прелеа во реалниот свет. Проблемот со говорот на омраза, но и односот кон медиумите и новинарите, е голем и нема да се реши преку ноќ. Сите знаеме дека новинарството не е работа во која ни се даваат комплименти, знаеме дека мора да обвинуваме некого за секоја објавена приказна. Тоа е реалноста на нашата работа, навикнати сме на тоа и не создаваме проблем за тоа”, се вели во соопштението.

Проблемот, се посочува, е омразата и заканите кои стануваат појасни и погрди – и особено во последно време – на улица, и ние мора да бидеме загрижени, дури и за безбедноста на новинарите на теренот.

Back to top button
Close