ХТЛ Македонија донираше медицинска опрема во вкупна вредност од 20.000 евра на ГОБ 8 Септември – Скопје

Хуманитарната акција на компанијата ХТЛ Македонија, членка на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија е на самиот крај.

ХТЛ Македонија донираше дезинфикциони средства во износ од 20.000,00 евра во ЈЗУ ГОБ 8ми Септември во Скопје, во која веќе беа донирани и болнички кревети во истиот износ или вкупно, оваа компанија донираше 40.000,00 евра во соодветна медицинска опрема.

Оваа акција беше спроведена за дел од здравствените институции во кои се лечат заразените од вирусот КОВИД-19, со цел полесно надминување на предизвиците наметнати од оваа наша нова реалност.

Пандемијата која се заканува на нашето здравје можеби ќе трае и подолго, но ова општество треба да извлече една поука а тоа е дека сами како единка не можеме да постигнеме многу, но заедно, сплотени, грижејќи се и помагајќи онаму каде што е потребно ќе не направи посилни и победници од борбата против невидливиот непријател.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close