Хуманитарна акција ,,Купи мартинка, донирај надеж” во Кавадарци

Хуманитарна акција „Купи мартинка, донирај надеж” се реализира денеска во Кавадарци во организација на тим на млади волонтери од Црвениот крст, кои својата иницијатива ја нарекоа „Рацете на иднината”.

– Хуманитарната акција се спроведува на плоштадот во центарот на Кавадарци. Со купување на рачно изработени мартинки, секој поединец придонесува за помош на семејствата и децата на кои им е најпотребно, истакнаа младите волонтери.

Од Црвниот крст Кавадарци истакнаа дека континуирано работат на најразлични хуманитарни активности и дека во сите нив, посебно место заземаат младите хуманитарци, кои редовно организираат проекти од програмата „Црвен крст во акција, промоција на хумани вредности”.

– Во рамки на ЦКА-ПХВ циклус 2025 (Црвен крст во акција, промоција на хумани вредности) ООЦК Кавадарци, тимот ,,Рацете на иднината” од основното училиште ,,Димката Ангелов Габерот” од кавадаречкото село Ваташа,  има поставено штанд на кој се продадоа повеќе од 400 рачно изработени мартинки. Средствата од овој настан ќе бидат донирани во социјално загрозено семејство, вели во изјава за МИА, Димитар Каракулев, претседател на Црвниот крст Кавадарци.

Back to top button
Close