ХУР тврди дека Лаос ќе се приклучи во војната на страна на Русија
Украинската воено разузнавачка служба (ХУР) објави дека Русија планира да распореди комбинирана единица воени инженери од Вооружените сили на Лаос во руската Курска област.
Властите на Лаос, како што тврди ХУР, се согласиле да испратат 50 воени инженери, а понудиле и бесплатна рехабилитација за повредените руски војници.
– Русија се обидува да го легализира присуството на странски воени единици на своја територија под маската на хуманитарна акција, а всушност ги користи за водење војна против Украина, се наведува во соопштението на ХУР.
Украина на 6 август минатата година презеде прекуграничната офанзива, при што зазеде околу 1.300 квадратни километри во Курската област, но руската армија со помош на севернокорејските војници поврати голем дел од заземената територија.
Украинската армија тврди дека има заробено голем број странски војници кои се бореле на страната на Русија. Според истражувањето на независниот руски портал „Импортант сторис“ (Important Stories) во април, во руската армија биле ангажирани повеќе од 1.500 странски борци од 48 држави.
Властите на азиската држава не ги коментираа наводите на ХУР. Лаос граничи со Кина, Виетнам и Тајланд и одржува блиски односи со Москва и Пекинг. Властите во Лаос не ги коментираа наводите на ХУР.