И Алијанса за Албанците ѝ предложи на Владата мерки за ублажување на енергетската и економска криза

Во изминатиот период неколку пати дававме предлози кои понекогаш беа одбиени, а понекогаш прифатени со задоцнување, но ја повикуваме Владата барем навреме да реагира за доброто на граѓаните и државата, посочуваат од партијата
Алијанса на Албанците денеска до медиумите достави листа со мерки – нивни предлози до ВЛадата за ублажување на енергетската и економска криза.

„Гледајќи ја тешката енергетска и економска состојба во државата, како и недостигот на волја и способност за тоа, Владата да се соочи со кризата, Алијанса за Албанците состави конкретни мерки кои можат да ја ублажат состојбата која се влошува“, се вели во соопштението, потпишано од пратеничката Илире Даути.

Предлозите се:

сите основни, средни училишта, факултети, како и други образовни институции да се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот на универзална услуга, а не на слободниот пазар или дури во најлош случај од снабдувачот во краен случај;
сите болници, здравствени установи и оние за социјална заштита и за стари лица да се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот на универзална услуга, без разлика на критериумите кои се поставени да се снабдуваат на слободниот пазар или во најлош случај од снабдувачот во краен случај;
Јавното осветлување на локалната самоуправа (општините), општинските и државните претпријатија во тешка финансиска состојба, исто така, да се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот на универзална услуга;
„Денеска сме сведоци дека за истата услуга, односно за јавното осветлување, некои општини се снабдуваат со струја од снабдувачот на универзална услуга, некои од снабдувачот на слободниот пазар и дел од снабдувачот во краен случај. Оваа неправда и навредлива мерка што се применува преку владините критериуми треба да престане и на сите општини да им се овозможи за јавното осветлување да можат да се снабдуваат со електрична енергија само од снабдувачот на универзална услуга“,

велат од Алијанса.
јаслите, градинките, училишните и студентските домови, бидејќи спаѓаат во семејната категорија за наплата на потрошена електрична енергија, каде што сега се применуваат тарифни појаси (блокови), а истите наскоро ќе преминат во четвртиот опсег каде што цената е поскапа и од онаа што се применува за категоријата индустриски потрошувачи, Алијанса за Албанците бара за овие субјекти да се применат промени во сегашниот тарифен систем и да се одобри нова потрошувачка категорија каде што ќе се применува само еден тарифен опсег (блок) и цената да биде на разумни нивоа, поконкретно таа што е актуелна во второто ниво од категоријата семејни потрошувачи каде што цената е 8,06 денари (распределба + снабдување).
за економските гиганти и големите компании ја повикуваме Владата да го координира со овие субјекти работното време кога имаме вишок на струја,кој не треба да се продава по јавни набавки, туку истото да им се понуди на овие субјекти по поповолни цени од оние што ги нудат енергетските оператори на либералниот пазар. Исто така да се разгледа и можноста за ставање во целосна ефикасност на сите енергетски постројки во земјава како и пуштање во употреба алтернативни постројки за производство на електрична енергија, со цел да се понуди дел од ова производство по разумни референтни цени на овие компании;
како антикризна мерка предлагаме Владата да помогне со пакети со финансиска помош за сите органи во централната и локалната власт кои се во тешка финансиска состојба, со цел за справување со оваа критична и неповолна состојба;
и во текот на 2023 година за делот од ДДВ (данок на додадена вредност) за потрошувачите домаќинства за потрошената електрична енергија, да продолжи да се применува повластената стапка од 5%, додека за категоријата индустриски потрошувачи да се овозможи намалување на мерка од сегашните 18% до оние од 10%;
за стопанските и комерцијални субјекти кои инвестираат во фотоволтаични централи за лична потрошувачка, и предлагаме на Владата на овие субјекти да им ја надомести вредноста на данокот на додадена вредност (ДДВ) извршен за оваа инвестиција.
за семејните потрошувачи кои инвестираат во фотоволтаични централи за лична потрошувачка, Алијанса за Албанците и предлага на Владата да ја надомести вредноста на банкарската камата (камата) за банкарскиот кредит добиен за оваа инвестиција, додека за оние семејни потрошувачи кои инвестирале во Фотоволтаични централи од нивните заштеди, Владата да им врати 18% од вредноста направена за оваа инвестиција.
„Во изминатиот период неколку пати дававме предлози кои понекогаш беа одбиени, а понекогаш прифатени со задоцнување, но ја повикуваме Владата барем навреме да реагира за доброто на граѓаните и државата“,

велат од Алијанса и додаваат дека во спротивно, Владата ќе биде директно одговорна за секоја последица и нема да може да се крие зад светската криза и берзите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека бара средба со Владата за да им го презентира планот на ВМРО-ДПМНЕ за решавање на енергетската криза и го повика премиерот Димитар Ковачевски да избере медиум, ден и време и да договори нивна дебата на која пред јавноста ќе говорат што нудат власта и опозицијата за решавање на енергетската криза.

Back to top button
Close