И барал пари за да не објави експлицитни фотографии- Тетовец уценувал малолетничка

На 7 јули 2025 година, околу 14 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот Р.Р. од Тетово, поради основи на сомнение дека извршил кривично дело уцена врз малолетничка од тетовско село.
Случајот бил пријавен од мајката на оштетената, која навела дека осомничениот, со кого нејзината ќерка била во љубовна врска изминатите три години, барал пари за да не објави нејзини експлицитни фотографии на социјалните мрежи. Во текот на 2025 година, тој неколкупати се заканувал и изнудувал пари од малолетничката, а во два наврати ѝ биле дадени вкупно 800 евра.
И покрај тоа, уцените продолжиле, по што случајот бил пријавен во полиција. Р.Р. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 259 став 1 од Кривичниот законик – Уцена.