И Центар Жупа блиску до исполнување на цензусот како Маврово и Ростуша

Општина Центар Жупа, со излезноста на денешните избори за градоначалник до 15 часот, е на чекор до исполнување на законскиот услов за најмалку една третина одѕив за успешни избори. Според податоците од ДИК, 32,88 % е излезноста до 15 часот или во апсолутни бројки – гласале 2 352 граѓани од регистрираните 7 154.

Во Центар Жупа на денешните избори има само еден кандидат, па ако се стигне до минимално неопходната излезност, за тој да биде избран за градоначалник ќе треба да добие мнозинство од оние што гласале што е реално да се очекува.

Изборниот законик предвидува дека ако за градоначалник е предложен еден кандидат, а во првиот круг на гласање не добил мнозинство гласови под услов да излегле најмалку една третина од запишаните избирачи, тогаш целата изборна постапка се повторува.

Во Маврово и Ростуша, втората општина во која денеска се гласа за градоначалник, веќе е исполнет условот за најмалку една третина излезност.

И во двете општини ова е трет обид да се избере градоначалник откако во октомври лани и во април годинава немаше доволен одѕив.

Back to top button
Close