И Данела Арсовска го посети првороденото бебе за 2025 година

И градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска го посети првороденото бебе за 2025 година кое се роди на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство Скопје.

„На мајката за која ова е прво дете и бебето Јаков во новата година им посакавме многу здравје и радости, со штедна книшка и пригодни подароци. Наша желба за младата Сања Талевска и за целото семејство е заедно да се радуваат на успесите на Јаков во годините кои претстојат“, напиша Арсовска

Back to top button
Close