И денеска дојави за бомби: Евакуирани ученици во 20 училишта во Скопје и Куманово
Нови дојави за бомби денеска попладне се упатени на електронските адреси на вкупно 20 училишта од кои 12 во Скопје и осум во Куманово.
Нови дојави за бомби денеска попладне се упатени на електронските адреси на вкупно 20 училишта од кои 12 во Скопје и осум во Куманово.
Учениците се евакуирани и во тек се проверките.
Вчера, исто така, имаше дојави за во 20 училишта, но сите беа во Скопје. По направените проверки, како и по сите претходно во изминатиот период, се утврди дека се лажни.