И друг автомобил учествувал во страшната несреќа кај Блаце, но возачот избегал!
Но, во несреќата учествувал уште еден автомобил, чиј возач одлучил да побегне од местото.
Во несреќата загина 17-годишен возач, додека пак неговиот 13 год.брат сопатник завршил со тешки телесни повреди.
„Вчера околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на патот Шуто Оризари – Горно Оризари со сервисна улица која го поврзува патот со ул. „Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП, управуван од Г.М.(51) од Скопје, патничко возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од с. Блаце, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд галакси“ и неговиот малолетен сопатник од Блаце, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје, каде што подоцна возачот починал“, велат од МВР.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.