И евроамбасадорот Гир му честиташе на новиот премиер Талат Џафери

Евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, му честиташе на Талат Џафери по повод неговото именување за нов премиер.

Гир на социјалната мрежа Х пишува дека очекува блиска соработка со новата Влада, во насока на интеграција на земјава во ЕУ.

„Честитки до премиерот Џафери за неговиот избор за премиер. Очекуваме блиска соработка со него и со новата влада во овој важен момент во односите меѓу Северна Македонија и ЕУ“ напиша Гир

Back to top button
Close