И Фон дер Лeјен и честиташе на Силјановска-Давкова за функцијата прва претседателка

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен, денеска ѝ го честиташе изборот на Гордана Силјановска Давкова за првa претседатка на Северна Македонија и рече дека нејзиното лидерство доаѓа во клучен момент, додека Скопје напредува во реформите и го продолжува својот пат кон ЕУ.

Фон дер Лeјен додаде дека со нетрпение очекува соработка со новата претседателка на Северна Македонија.

„И честитам на Гордана Силјановска-Давков што стана првата жена претседател на Северна Македонија. Вашето лидерство доаѓа во клучен момент, додека вашата земја напредува во реформите и го продолжува својот пат кон ЕУ, со нетрпение очекувам да работам со вас“, рече Фон дер Лeјен на социјалната мрежа Х.

Силјановска Давкова е избрана за претседател на Северна Македонија со мнозинство гласови, односно со 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стeвo Пендаровски кој освои 251.899 гласови.

Back to top button
Close