И Гаши не ги слушнал националистичките навреди, како Мицкоски
Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“, како што објави МИА. Тие и покрај сите апели за фер и спортско навивање, имаа националистичките извикувања.
Натпреварот на трибините на Арената „Тодор Проевески“ го следеа влaдини фунционери, вице премиерот Изет Меџити, претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за Економија Дурмиши, но и опозиционерите Ахмети и Таравари.
Од редакцијата на Телма побарале став од претседателот на Собранието Африм Гаши кој ги осуди навивачите на Куманово и повика на единство на кошаркарскиот натпревар со Романија. Како сега ги коментира скадирањата на навивачите на Шкендија „Илирида“ , тој кажа дека додека бил на натпреварот не слушнал такво нешто, но ако се случило го осудува