И Газибаба веќе со помала излезност отколку во првиот круг, Карпош и Центар најмасовно до 17 часот, пресек за скопските општини до 17 часот
Во Центар и Карпош има излезност со 5 проценти поголема отколку во првиот круг, односно гласале по околу 3 илјади гласачи повеќе до 17 часот отколку пред две недели. Во овие општини се бира и општински градоначалник.
Чаир стигна до 4% повеќе гласови во вториот круг, и сега излезноста во оваа општина е поголема и од Газибаба, а веќе беше подобра и од Бутел, Шуто Оризари и Сарај.
Негативен резултат односно помала излезност имаат три скопски општини од кои најголемо намалување од 10,29 % има во Сарај.
Болдираните општини се општини за кои недостасуваат по неколку избирачки места.
Општина Втор круг (17:00) Прв круг Разлика
Карпош 47,10% 41,99% +5,11%
Центар 45,42% 40,34% +5,08%
Кисела Вода 42,52% 40,78% +1,74%
Аеродром 42,26% 40,25% +2,01%
Ѓорче Петров 40,96% 39,56% +1,40%
Чаир 39,19% 35,22% +3,97%
Газибаба 37,23% 37,61% -0,38%
Бутел 37,09% 40,67% -3,58%
Шуто Оризари 28,48% 26,14% +2,34%
Сарај 22,00% 32,29% -10,29%