И испратил порака на мајка му во која пишувало „Среќна Нова Година, мамо“, а сега таа не знае дали е жив!
Смртоносен пожар избувна во барот „Ле Констелашн“ во швајцарскиот скијачки центар Кранс-Монтана на новогодишната ноќ. Швајцарските власти изјавија дека најверојатна причина за пожарот е прскалка прикачена на шишиња шампањ што го запалила акустичниот таван од пена, објави Си-Ен-Ен.

Меѓу оние што очајно ги бараат своите најблиски е Летиција Бродар-Ситре, чиј син Артур исчезна во пожарот.
Тој ѝ испратил порака веднаш по полноќ: „Среќна Нова Година, мамо, те сакам“ и оттогаш е исчезнат.
Нејзиниот син требало да го прослави својот 17-ти роденден во барот.
„Тој резервирал голема маса со своите пријатели неколку дена однапред. Планирал да ја помине новогодишната ноќ во „Ле Констелашн“, изјавила скршената мајка за Ројтерс.
…






