И Калифорнија нуди награди за вакцинираните – фондот е 116,5 милиони долари
– Калифорнија ќе понуди награди во вкупна вредност од 116,5 милиони американски долари во готовина и подарок-картички за граѓаните кои ќе се вакцинираат до 15 јуни.
Одлуката на гувернерот Гавин Њузом е насочена кон поттикнување на вакцинацијата се додека државата не се отвори целосно на 15 јуни.
Десет граѓани на Калифорнија кои ќе се вакцинираат до тој датум можат да освојат награда од по 1,5 милиони долари, додека други 30 лица ќе добијат по 50.000 американски долари. Два милиони луѓе кои би биле вакцинирани ќе добијат ваучери од 50 долари.