И македонското знаме на „црна листа“ на Австралија Опен?!

Фотографија од македонското знаме, можеше да се забележи во текот на вчерашниот ден на табакот хартија прикачен на камерата на снимателите на „Австралија Опен“ во КИА арената, јавува австралиското радио СБС на македонски.

Се работи за првиот ден од годинешниот гренд слем, а заедно со македонското знаме има и неколку други, за кои претходно беше објавено дека се забранети на турнирот.

Извршниот директор на „Австралија Опен“, Крег Тајли, истакна дека гледачите на овогодинешниот гренд слем во Мелбурн, ќе бидат „спречени да ги истакнуваат палестинските и израелските знамиња“, според правилата кои им дозволуваат “да носат знамиња само навивачите што ги претставуваат играчите кои се натпреваруваат на годинешниот турнир“.

Back to top button
Close