И на пеколните горештини работниците не беа симнати од градежните скелиња

Градежните фирми не ги почитуваат препораките на Владата во услови на портокалова алертна фаза. Работниците и по единасет часот на отворено без заштита ги вршат своитје задачи.  Тимот на инспектори во 44 инспекциски надзори и 6 контролни инспекциски надзори со 11 решенија им наложи на работодавачите да си го реорганизираат времето. Најголем број прекршувања се во Скопје, Кичево, Кочани, Пробиштип и Струмица.

– Во текот на вчерашниот ден беа издадени 8 забрани за работа за период од 11 до 17 часот. После тоа се направи контролен инспекциски кај тие работодавачи кај кои им беше дадена забрана за работа и дека ја почитуваат забраната за работа и дека не работат, вели Грозданка Тилева, државен инспекторат за труд

Во одредени случаи прекршувањата ги пријавуваат и работниците вон градежништвото, но тоа е многу ретко бидејќи стравуваат да не го изгубат свото работно место.  Таков е случајот и работници во простории и објекти во кои нема соодветна климатизација.

– Имаме случаи во кои работниците пријавуваат дека во производствените процеси каде што се врши технолошки процес во кој се создава дополнително висока температура работодавачите или не ја пуштаат или не функционира системот за ладење и ние ги забележуваме и нормално праќаме екипи веднаш да ја проверат состојбата и доколку не работи климата даваме забрана за работа.

Со почетокот на портокаловата фаза 38 трудови инспектори и 14 интегрирани се распоредени низ целата земја, сепак малиот број на инспектори во дадениов миг  на ниво на цела територија на Македонија не се секогаш во можност да ги востановат сите нерегуларности, затоа е потребно зголемување на нивниот капацитет доколку се има предвид портокаловата фаза која ќе трае и следната седмица, смета Тилева.

Back to top button
Close