И натаму се трага по исчезнатиот Бугарин кој нуркал длабоко во Охридското Езеро, не е точно дека вчера бил најден

натаму се трага по исчезнатиот Бугарин кој нуркал длабоко во Охридското Езеро, не е точно дека вчера бил најденAvatar

Исчезнатиот 52-годишен бугарски државјанин се уште не е пронајден, вели портаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски за „Скопје1“. Тој посочи дека не се точни информациите кои биле пласирани во јавноста дека уште вчера било пронајдено безживотно тело. Тој посочи дека и во текот на денешниот ден, ќе се трага по исчезнатото лице.

„Се уште се води како исчезнат. Во текот на денешниот ден ќе бидат преземени одредени активности со цел на пронаоѓање“, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

По бугарскиот државјанин се трага втор ден, откако вчера околу 13 часот, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на езерото. Во потрагата се вклучени Езерската полиција, Црвен крст и нуркачи од клубот „Амфора“.

Back to top button
Close