И покрај апелите, распалени коледарските огнови,на некои и благослов од свештеници

 

Наспроти апелите на црквата и дел од еколошките здруженија граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено, дел од скопските маала, според најавите, вечерва ќе ѝ останат верни  на долгогодишната традиција.

Оваа традиција е стара и граѓаните не се откажуваат од неа иако Скопје деновиве е меѓу најзагадените градови во светот.

Апел да се бојкотира оваа прослава денеска испрати и ВМРО-Народна паријата.

-Граѓаните на Скопје треба да знаат дека палењето на огнови во Македонија е донесено и наметнато за време на српската окупација.

Никогаш во македонската историска и христијанска традиција порано на ваков начин не се дочекувал Бадник, а и денеска најголем број од градовите низ Северна Македонија немаат таква традиција што значи се спротиставуваат на ваквите пагански елементи во рамките на нашето свето и православно христијанство, велат од партијата.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close